На 23.04.2023 околу 13.40 часот на наплатна станица Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 34-годишната Е.Х. од Република Албанија, која се однесувала агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, како и поради сомнение за нерегулиран престој на подрачјето.
Таа е задржана во Полициската станица Гостивар за натамошна постапка.