вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

АКЦИСКА КОНТРОЛА: Казни за возачи, обложувалници и лица

АКЦИСКА КОНТРОЛА: Казни за возачи, обложувалници и лица

Во текот на вчерашниот ден (05.10.2022), во периодот од 12.00 до 16.00 часот, од страна на сите сектори за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, како и контроли на лица и спортски обложувалници.

При контролата, санкционирани се 68 возачи, од кои двајца за вршење јавен превоз без лиценца, по член 284 – а од Кривичниот законик.

Притоа, 38 возила на територијата на СВР Велес и СВР Штип се упатени на вонреден технички преглед.

При контролите констатиран е еден прекршок по Законот за игри на среќа на територија на СВР Куманово, а кај малолетно лице на територија на СВР Скопје бил пронајден и одземен остар предмет, при што лицето заедно со неговиот родител се приведени во Полициска станица Карпош за понатамошна постапка.