На поширокото тетовско подрачје денеска (31 август) во периодот од 8 до 12 часот беше спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, со која вкупно биле опфатени 33 вакви возила.
При контролата било утврдено дека 8 од нив имале неисправни сопирачки, претежно комбиња и такси возила, кои веднаш се исклучени од сообраќај и на кои им се изготвени законски предвидените поднесоци.
Санкционирани, исто така, биле и 11 други видови сообраќајни прекршоци.