вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Акциска контрола во Прилеп: Две лица приведени, девет возачи казнети

Акциска контрола во Прилеп: Две лица приведени, девет возачи казнети

Две лица се приведени, а девет возачи се казнети при засилената акциска контрола во Прилеп на мобилната единица за безбедност во сообраќајот како и при контролите на униформираната полиција при Бирото за јавна безбедност.

При контролите на БЈБ, од прилепската улица „Карпалак“ приведен е 23-годишниот прилепчанец со иницијали Б.М. зашто при преглед кај него и на возилото „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена марихуана. Приведен е и 37 годишниот Т.П. од кавадаречкото село Возарци на патот кај селото Тројаци, зашто при полициската контрола е констатрано дека врши јавен превоз без соодветна документација, а немал ниту возачка дозвола. По документирањето на двата случаи, против приведените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Инаку, при засилените сообраќајни контроли во периодот од 19 и 20 септември, санкионирани се 9 од контролираните 45 возачи, соопштувата од МВР. Од нив, пет возачи го управувале возилото без возачка дозвола, тројца возеле под дејство на алкохол и санкциониран е уште еден прекршок.