петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Акциска контрола во три казина, констатирани повеќе неправилности

Акциска контрола во три казина, констатирани повеќе неправилности

На 23/24.11.2022 во периодот од 20:00 до 02:00 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистичката полиција, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје во координација со Управата за јавни приходи, спроведоа акциска контрола во три казина на подрачје на Скопје.

При контролата, легитимирани биле 28 лица, додека од страна на УЈП се констатирани повеќе неправилности за што ќе бидат поднесени соодветни пријави.