Денеска (23.10.2022) во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на сите сектори за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава.
При контролата приведени се две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеле службени дејства, констатирани се три кривични дела по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица, а шест малолетни лица се затекнати по 00.00 часот во угостителски објекти.
За време на акциската контрола, исто така, констатирани се 70 сообраќајни прекршоци, а едно возило кое вршело јавен превоз е исклучено од сообраќај, информираат од МВР.