недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Акциска контрола за незаконит лов, констатирани 6 кривични дела, одземени 9 ловни пушки и муниција  

Акциска контрола за незаконит лов, констатирани 6 кривични дела, одземени 9 ловни пушки и муниција  

Денеска (20.08.2022), во периодот од 04.00 до 08.00 часот, на подрачјето на сите Сектори за внатрешни работи, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција извршиле контрола во реоните каде се врши ловство. При контролата, со која биле опфатени 132 локации, биле констатирани шест кривични дела „незаконит лов“ по член 228 од Кривичниот законик и еден прекршок по член 83А од Законот за оружје.

Во 06.00 часот во Богданци, кај рампата за ветерници, шест лица биле затекнати при незаконит лов и од нив биле одземени осум ловечки пушки и повеќе парчиња патрони и муниција. Притоа, од Љ.Ш.(60) од с.Стојаково била одземена ловечка пушка „BAIKAL“ и 18 патрони калибар 12мм., од П.Ѓ.(42) од Валандово биле одземени ловечка пушка „BAIKAL“, ловечка пушка „Чешка Збројевка“, 15 патрони и 19 куршуми, од Т.Т.(35) од Богданци биле одземени две ловечки пушки „BAIKAL“ и 15 патрони 12 мм, од В.Б.(47) од с.Ѓавато биле одземени ловечка пушка „BAIKAL“ и 26 патрони 12 мм, од К.Б.(37) од с.Ѓавато биле одземени ловечка пушка „Бергара“ и 18 куршуми калибар 30 60 и од Л.П.(32) од с.Ѓавато биле одземени ловечка пушка „Huglu“ и 17 патрони калибар 12 мм.

Во 06.45 часот, пак, на место викано „Витанска крстосница“, на подрачјето на Чашка, од  И.Т.(61) од с.Горно Оризари биле одземени ловечка пушка ,,М-80“ и 12 патрони 12 мм, поради сторен прекршок по член 83А од Законот за оружје.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.