На 23.06.2019 во 23:00 часот при вршење на контрола на патниот сообраќај на регионален пат с.Желино кон с.Палатица запрено било моторно возило со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(19) од с.Шемшово.
Во возилото биле затекнати две лица А.Б.(27) и Џ.В.(42) двајцата од Р.Албанија и тие во Македонија немале регулирано престој.
Двете лица биле приведени во Полициското одделение Групчин и предадени во СВР Тетово за понатамошна постапка.