На 05.10.2022 на ул„Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го привеле Ф.И.(50) од Република Албанија, затоа што непријавено престојувал на подрачјето.
Тој бил предаден во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Кичево и му бил поднесен соодветен поднесок, а од Основен суд Кичево изречена му е парична казна и протерување од Република Македонија.