На 22.05.2021 околу 19:30 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово бил приведен Е.З.(30) од Р.Албанија, постапувајќи по претходно пријавен физички напад и непријавен престој во Република Македонија.
Од страна на Основен суд Тетово со пресуда на лицето му е изречена прекршочна санкција и санкција протерување на странец со забрана за влез во времетраење од две години.