На 14.01.2023 во 00:30 часот во угостителски објект на ул.Блок 88 во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја привеле В.Ч.(36) од Република Албанија затоа што на подрачјето престојувала без регулиран престој.
Таа била предадена во Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.