среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Албански државјанин доби забрана од 2 години за влез во Македонија: Со тврд предмет нападнал туѓа сопруга и ја повредил

Албански државјанин доби забрана од 2 години за влез во Македонија: Со тврд предмет нападнал туѓа сопруга и ја повредил

На 23.11.2022 година во 11.10 часот во СВР Охрид приведен е У.Ш..(32) од Корча, Република Албанија. Тој, претходно, во куќа во охридското село Лескоец, сопственост на С.В., агресивно се однесувал по што фрлил тврд предмет кон неговата сопруга и ја повредил.

По поднесена пријава, од страна на Основниот суд во Охрид изречена му е мерка ,,протерување на странец од земјата“ во траење од две години, по што е споведен до граничниот премин „Ќафасан“.