четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Албански државјанин обвинет за фалсификување исправа

Албански државјанин обвинет за фалсификување исправа

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против 22-годишен државјанин на Република Албанија за кривично дело – Фалсификување исправа според член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот употребил лажна исправа како вистинска, односно при излез од земјава, во авион на авиокомпанијата Визер за Лондон, при контрола употребил грчка лична карта на друго име. Употребениот документ се разликувал од оригиналниот електронски примерок на грчка лична карта според техниката на печатење на образецот, техниката на персонализација и другите заштитни знаци.​ (МИА)