Денеска (09.10.2022) во 09.45 часот на ул.“Палмиро Тољати“ од полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје бил лишен од слобода М.Ф.(42) од Скопје, инфомираше Министерството за внатрешни работи.
За него била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје. М.Ф. бил осуден на казна затвор од 2 години, за сторено кривично дело по чл.383 од Кривичниот законик.
Тој ќе биде спроведен до надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.