четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Апсење утринава во Тетово: Приведен 26 годишник, во неговиот дом пронајдена дрога

Апсење утринава во Тетово: Приведен 26 годишник, во неговиот дом пронајдена дрога

Денеска (22.04.2022) во 08.00 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.М.(26) од Тетово. Имено, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес во дом и други простории кај Д.М., во врска со кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик, при што биле пронајдени марихуана и дробилка.

Д.М. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.