Денеска (10.05.2021) полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Г.М. (40), Х.А.(19) и Е.Н. (23) од Арачиново, поради основано сомнение дека се сторители на три разбојништва и три одземања на моторни возила во перидот од декември 2020 до февруари 2021 година.
Кај трите лица извршен е претрес на дом и други простории при што пронајдени се: дигитална вага, марихуана, фантомки и други предмети. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.