понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Апсење во Тетово: Пронајдени околу половина килограм хероин, 100 грама кокаин, метадон и голема сума девизи (ФОТО)

Апсење во Тетово: Пронајдени околу половина килограм хероин, 100 грама кокаин, метадон и голема сума девизи (ФОТО)

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за НТ со дрога, оружје и опасни материи во соработка со СВР Тетово денеска (13 април) околу 15 часот и 15 минути го лишиле од слобода 59-годишниот тетовец Н.М., затоа што при претрес извршен во неговиот дом со судска наредба на улица “Железничка” во Тетово биле пронајдени околу 500 грама хероин,околу 100 грама кокаин, 19 ампули метадон, поголема сума девизи и други предмети.

Сето пронајдено е фотодокументирано и одземено за вештачење, а Н.М. задржан е во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.