сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Автобус полн со мигранти запрен на македонски автопат – полицијата фати државјани на Сирија, Пакистан и Индија

Автобус полн со мигранти запрен на македонски автопат – полицијата фати државјани на Сирија, Пакистан и Индија

На 05.07.2022 во 22:00 часот на автопатот А1, на делот Миравци – Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица запреле автобус со штипски регистарски ознаки, по што возачот го напуштил автобусот.

При контрола во автобусот биле пронајдени 61 лице мигрант, од кои 30 од Сирија, 27 од Пакистан и четири од Индија.

Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар Винојуг и по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.