четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автобус удри во бетонски столб во Волково, повредени 10 патници од кои три потешко

Автобус удри во бетонски столб во Волково, повредени 10 патници од кои три потешко

Десет патници во автобус се повредени откако вчера околу пладне автобус удрил во бетонски столб од надвозник на улицата „100“ во Волково.

Од полицијата информираат дека по ударот на автобусот, управуван од 43 годишниот Д.Б. од Волково, со тешки повреди се здобиле патниците Б.Д.(81), М.Т.(84) и З.П.(78), сите од Скопје.

-Лицата се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” и Градска општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош и се задржани на понатамошно лекување. Во незгодата исто така седум патници се здобиле со телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување, информираат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.