сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил се преврте кај Плетвар, жена пренесена во болница

Автомобил се преврте кај Плетвар, жена пренесена во болница

Патничко моторно возило се превртело претпладнево кај Плетвар, 61 – годишна жена била пренесена во Градска болница Прилеп, потврдија за МИА од МВР.

– Денеска околу 9.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека кај село Тројаци на превојот Плетвар, се превртело патничко моторно возило со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Л.(61)од Скопје. С.Л. е пренесена во Градска болница Прилеп, појаснија од МВР.

Неофицијално, жената нема сериозни повреди.