На 09.01.2023 околу 23.10 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на улица „Партизанска“ во Струга, патничко возило удрило во М.Д.(58) од Република Албанија и го напуштило местото.
Во несреќата М.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струга. Увид извршила екипа од Полициската станица Струга и се преземаат мерки за расчистување на случајот.