На 17.07.2023 во 13.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Чегране, патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Џ.Б.(34) од с.Чегране, удрило во електричен тротинет управуван од малолетник од истото село, информира МВР.
Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Ферид Мурад“ во Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.