среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил удрил во малолетен велосипедист

Автомобил удрил во малолетен велосипедист
илустрација

На 01.09.2021 во 11.45 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од ул.„Маршал Тито“ со ул.„Димитар Цветинов“ во Струмица, патничко моторно возило „цитроен ц3“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(36) од Струмица, удрило во велосипед управуван од малолетник од Струмица, информира МВР.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.