недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобилот го возел со регистрација од друго возило, приведен маж од Доброште

Автомобилот го возел со регистрација од друго возило, приведен маж од Доброште

На 13.02.2023 околу 23:00 часот во тетовско Доброште, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 39-годишниот М.А. од село Доброште.

При контрола било констатирано дека патничкото возило „фолксваген туарег“ го управувал со регистарски таблички од друго возило.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок поради сомнение за „фалсификување исправа“ согласно член 378 од Кривичниот законик.