ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Р.(37) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Таа, со намера да прибави противправна корист, на 18.07.2021 свесно довела во заблуда жителка на Дебар на која, претставувајќи се како бајачка, ѝ побарала златен накит и не го вратила.