Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.А.(59) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување на судска одлука“.
На 07.08.2021 во Кичево, полициски службеници извршиле контрола на ул.„Амит Челопечанец“, при што констатирале дека пријавениот, како сопственик и инвеститор извршувал градежни активности за кои немал соодветно одобрение за градба и не постапил по решението за привремена мерка да престане со изведување на какви било градежни работи до добивање на правосилно одобрение за градба.