На 16.12.2020 околу 19:20 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар откриле дека во објект во гостиварско Чегране, кој под закуп го користел Б.А.(45) од ова село, се приредуваат игри на среќа без потребната документација.
Притоа, од Б.А. била одземена целокупната опрема, тој бил повикан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.