среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Без дозвола си градел во Љубаништа: Направил три објекти и базен, сега ќе мора да ги руши

Без дозвола си градел во Љубаништа: Направил три објекти и базен, сега ќе мора да ги руши

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(40) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Тој, на катастарска парцела во атарот на охридското село Љубаништа, кое е заштитено подрачје, без соодветна документација и без согласност од Националниот парк „Галичица“ изградил три објекти цврста градба и еден базен.

По извршениот инспекциски надзор, овластен градежен инспектор при општина Охрид донел решение за отстранување на нелегалните објекти.