СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С.(53) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.
На 09.07.2022 на улица „Железничка“ во Охрид, полициски службеници извршиле контрола и констатирале дека пријавениот со патничко возило вршел јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца.