На добиточниот пазар во Гостивар, денеска во 9 часот при истоварање од камион, бик го удрил неговиот 82-годишен сопственик Љ.С.од село Врбен, гостиварско.
-Мажот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде веднаш бил пренесен за укажување на лекарска помош. Набргу, тој им подлегнал на повредите, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Јавен обвинител и екипа Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на настанот, а телото, по извршениот медицински преглед, било предадено на семејството.