сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Бил агресивен кон полицајци – скопјанец лишен од слобода

Бил агресивен кон полицајци – скопјанец лишен од слобода

На 14.07.2022 во 01:40 часот пред угостителски објект на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Б.(26) од Скопје, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.