четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Бил баран со централна потерница – приведен 39-годишен скопјанец за издржување казна затвор

Бил баран со централна потерница – приведен 39-годишен скопјанец за издржување казна затвор

Денеска (31.03.2021) во 12.15 часот во село Блаце, скопско, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги и од СВР Скопје, врз основа на судска наредба, го привеле А.Д.(39) од Скопје за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 392 од Кривичниот законик и доиздржување казна затвор за сторено кривично дело по член 133 од Кривичниот законик.

Тој бил предаден во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.