петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

БИЛ НА ЛОВ И РАНИЛ ЧОВЕК: Ловџија заврши со лисици на рацете, а жител од кочанско во болница

БИЛ НА ЛОВ И РАНИЛ ЧОВЕК: Ловџија заврши со лисици на рацете, а жител од кочанско во болница

На 02.01.2022 во 15.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Л.С.(54) од с.Долни Подлог, кочанско, затоа што околу 08.55 часот, за време на лов во атар на с.Јастребник испукал еден куршум од пушка „Застава М-70“ калибар 30-06 и го погодил М.С.(55) од Кочани, нанесувајќи му повреда.

М.С. бил пренесен во Медицински центар Кочани за укажување лекарска помош.

Се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.