петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Бил на СТОП листа: 73-годишен Албанец приведен на ГП Ќафасан

Бил на СТОП листа: 73-годишен Албанец приведен на ГП Ќафасан

На 01.09.2023 во 16:00 часот на Граничен премин Ќафасан, полициски службеници го лишиле од слобода К.С.(73) од Република Албанија затоа што при пасошка контрола и проверка било констатирано дека евидира во оперативната евиденција на стоп листата поради сомнение за сторено кривично дело по член 237 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.