петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

БИЛ ПРЕГАЗЕН И ОСТАВЕН СРЕДЕ ПАТ – мртов маж пронајден на патот кон граничниот премин Блаце, еве ги деталите!

БИЛ ПРЕГАЗЕН И ОСТАВЕН СРЕДЕ ПАТ – мртов маж пронајден на патот кон граничниот премин Блаце, еве ги деталите!

Тело на маж, удрено од моторно возило, било пронајдено вчера на магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце во близина на клучка Стенковец.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен синоќа вo 23.45 часот. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Се превземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето и целосно расчистување на случајот.