петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Битолчанец од својот телефон покажувал порнографски материјал на малолетничка, полицијата го уапси

Битолчанец од својот телефон покажувал порнографски материјал на малолетничка, полицијата го уапси
илустрација

На 11.10.2022 во 00.05 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.К.(34) од Битола. Тој се сомничи дека на 10.10.2022 околу 13.30 часот во Битола прикажал порнографски материјал од својот мобилен телефон на малолетничка.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.