На 21.10.2018 година во СВР Битола било пријавено дека околу 08:30 часот К.Т. (59) од Битола, додека бил на лов со неговите пријатели Г.М. (43), Б.П. (65) , Б.В. (58) и З.В. (29), сите од Битола, во атарот на с.Лисолај, се здобил со повреди од огнено оружје.
По несреќата бил пренесен во Медицинскиот центар во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола, а известен е и јавен обвинител.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.