сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Битолчанка заработи кривична: Запалила автомобил со непозната течност

Битолчанка заработи кривична: Запалила автомобил со непозната течност
илустрација

Секторот за внатрешни работи Битола поденсе кривична пријава против Т.Н.М. (54) од Битола, за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 18 мај годинава во Битола на улица „21-ва“, пријавената поради нерасчистени имотно-правни односи со С.Р. (74), предизвикала пожар на неговотo патничко возило, на начин што го скршила стаклото и со употреба на непозната течност го запалила возилото.