среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

БИТОЛСКО: Пријавил дека пронашол бомба во близина на куќа, пиротехничар открил четири

БИТОЛСКО: Пријавил дека пронашол бомба во близина на куќа, пиротехничар открил четири

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во битолската полиција А.Ј од с.Нижеполе, битолско, пријавил дека во близина на стара куќа во с.Нижеполе пронашол бомба.

Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување излегол на местото и било констатирано дека се работи за четири рачни бомби од Втората светска војна кои биле безбедно подигнати.