На 10.06.2022 во 15.15 часот во с.Гиновци, кривопаланечко, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(40) од с.Гиновци, постапувајќи по пријава добиена во 14.30 часот според која тој пред неколку недели, по претходна расправија, го усмртил неговиот брат С.Џ.(29) од истото село и го закопал во дворот од семејната куќа.
Полициски службеници од Полициско одделение Ранковце излегле на местото, а Ф.А. бил приведен во полициска станица и при извршен службен разговор го признал делото. Од страна на Јавен обвинител, полициска екипа, претставници од Институт за судска медицина и од Центарот за социјални работи извршен е увид, телото е пронајдено и по насока на обвинител предадено за обдукција.
По целосно расчистување на случајот против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава, а од страна на Судија на претходна постапка определена е мерка притвор во времетраење од 30 дена и ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање.