Министерството за внатрешни работи порано денеска информираше дека на 19.10.2022 во 11.00 часот во трговски центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, го лишија од слобода И.Н.И.(22) од Република Бугарија.
При преглед, кај него пронајдени и одземени се два ножа, со што сторил прекршок по член 80 од Законот за оружје.
Инцидентот го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој соопшти дека 22-годишниот жител на Софија И. Н. И. бил приведен во трговскиот центар „Амам“ на булеварот Македонски просветители.
– При претрес, кај него се пронајдени два ножа, со што сторил прекршок по член 80 од Законот за оружје, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Тој додаде дека казненото дело било процесирано по брза постапка, бидејќи се работи за странски државјанин, па И. Н. И. добил двегодишна забрана за влез во Македонија.