Четири пушки биле одземени при претрес кај жител на росоманското село Сирково, информацијата денеска ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– На 23 овој месец во времето од 05:50 до 08:00 часот во селото Сирково, во домот на 35-годишниот З.Н., при вршење на претрес по наредба од Основен суд Велес, пронајдени биле и одземени пневматски пушки марка „славија М77” со калибар 4,5 мм и пневматска пушка од чехословачко производство, како и две рачно изработени пушки, рече Додевски.
Пушките се одземени, а против сопственикот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основно јавно обвинителство.