недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Четворица осомничени за тешки кражби во прилепско

Четворица осомничени за тешки кражби во прилепско

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 став 1 и член 22 од Кривичниот законик.

Лицата на возраст од 33, 30, 40 и 19 години, се осомничени дека во периодот од декември 2021 година до 08.03.2022 година, по претходен меѓусебен договор, извршиле вкупно 32 тешки кражби во куќи и цркви во селата Костинци, Слепче, Веселчани, Алинци, Лопатица, Вранче, Заполжани и Стровија, како и во куќи и колонијални продавници во Прилеп, од каде одзеле повеќе предмети со намера противправно да ги присвојат.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Прилеп достави предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени. Судијата го прифати предлогот и со решение на осомничените им определи мерка притвор во траење до 8 дена.​​