сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Човечки коски ископани во Карбинци

Човечки коски ископани во Карбинци

На 17.04.2020 во 14:24 часот во СВР Штип, И.С. од с.Црвулево, Општина Карбинци, пријавил дека над с.Црвулево имало ископани коски.

Полициски службеници од СВР Штип излегле на местото на настанот и констатирале дека во период од 15/17.04.2020 од 22.00 до 01.00 часот, во два наврата, непознато лице на археолошки локалитет, на место викано „Црвулевско теке“, извршило три ископи, при што до еден од ископите на површината биле забележани човечки коски, кои датираат од постар временски период.

За настанот е запознаен Завод и музеј Штип и Јавен обвинител. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.