петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Цитроен излета од пат во гевгелиско, возачот тешко повреден

Цитроен излета од пат во гевгелиско, возачот тешко повреден

На 02.06.2022 во 00.20 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека во с.Стојаково, гевгелиско, Г.А.(58) од с.Стојаково, управувајќи патничко возило „цитроен“, со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.