Скопјанецот Г.Б. (77) пред два дена паднал во автобус и се повредил.
Од полицијата информираат дека несреќата била пријавена вчера, а се случила на 10-ти месецов околу 13:30 часот.
-На ул. „101“ во Волково, во приватен автобус со бр.22, Г.Б.(77) од Скопје, кој бил патник во автобусот, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување помош, информираат од полицијата.
Се работи на расчистување на случајот.