На 03.05.2022 околу 05.45 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Браќа Миладиновци” во населба Точила во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „Ман” со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.С.(60) од Прилеп и автобус „Мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, управуван од Ц. Ц.(68) од Прилеп, двата превозници на работници од фирми, од кои едниот бил празен, а другиот бил со патници.
Во несреќата седум лица (К.Н., П.Т., М.И., М.Д., Б.П., Д.Ѓ. и А.М.) се здобиле со тешки телесни повреди, а 33 лица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп.