Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во семејна куќа во селото Табановце каде утринава беа пронајдени телата на две починати лица.
Починати пронајдени е маж и жена на возраст од 43 и 36 години.
-Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место, информираат од Обвинителството.