сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали од МВР за грабежот во обложувалница во Ѓорче

Детали од МВР за грабежот во обложувалница во Ѓорче

Завчера во 09.31 часот во СВР Скопје, Е.Ј.(38) од Скопје пријавила дека во обложувалница на ул.„Шидска“ во периодот од 22.59 часот на 24.01.2020 до 09.30 часот на 25.01.2020, едно лице извршило тешка кражба, при што биле одземени осум телевизори.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Инаку, по вооружениот грабеж кој се случи пред околу една недела во експозитура на „НЛБ Банка“, КУРИР во саботата информираше дека е ограбена и спортска обложувалница.

Од МВР за КУРИР тогаш го потврдуваат грабежот и информираа дека непознат сторител во текот на ноќта насилно влегол преку прозорецот во спортската обложувалница лоцирана на улица „Шидска“.