среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Детали за автобусот кој се запали на обиколницата Сарај- Волково (ФОТО)

Детали за автобусот кој се запали на обиколницата Сарај- Волково (ФОТО)

Празен туристички автобус денеска попладне се самозапалил на обиколницата Сарај- Волково влез Ѓорче Петров. Повредени нема, а причинета е материјална штета која ќе се утврдува.

Според првичните информации, се работи за двокатен автобус „Неоплан“ во кој немало патници, а бил управуван од Ј.К. (1980). Пожарот околу 14 часот избувнал во делот на моторот и брзо се проширил во кабинскиот дел.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Звонко Томевски за МИА изјави дека пожарот е изгаснат и оти е интервенирано со четири возила и осум пожарникари.

Пожарот бил пријавен во 13.55 часот, а интервенцијата траела до 15.30 часот. Полицијата прави увид на местото на настанот.